Експлозија во центарот на Рим

Експлозија го потресе во петокот претпладнето центарот на италијанската престолнина Рим, но во неа нема настрадани, пренесува агенцијата ANSA.

На местото на настанот се ангажирани противпожарна екипа и полициска единица.

Според првичните сознанија, станува збор за детонација предизвикана од импровизирана експлозивна направа.

Експлозијата се случила во објект на пошта во централниот кварт Авентино. Целата зона и приодите кон местото се блокирани, а во моментов се проучуваат деталите од експлозијата.

Полициски извори не исклучуваат дека детонацијата може да е предизвикана од импровизирана бомба, но и од професионално направена експлозивна направа.