Експлозија во британска електрана, има и жртви (ВИДЕО)

Експлозија одекна во британската електрана Дидкот, на 113 километри западно од Лондон, во англиската област Оксфордшир. Полицијата објави дека се работи за сериозен инцидент во кој има и жртви. Засега се соопштува најмалку за еден загинат.

На местото се испратени спасувачки тимови, шест возила на брза помош и два хеликоптери.

Снимки емитувани на телевизиите покажуваат дека дел од една голема постројка во самата централа е разурната.

london

Засега не се соопштуваат повеќе детали за инцидентот.

Како што наведува британски „Индипендент“, електраната требало да биде урната кон крајот на годината. Таа не е во функција од 2013 година, но има сомневања дека оваа експлозија не е намерно предизвикана.

london2

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.