Експлозија во фабрика во Богданци, нема информации за повредени

Експлозија во фабриката за полнење на плински боци “Рапид-Гас” – Богданци, утрово ги потресе жителите на Богданци, објави Прес24. Според информациите на Пресс24, експлозијата се случила околу 9 часот, по што настанал голем пожар, додека темен чад почнал да се издигнува во висина и до два километри на небото над Богданци.

Екипи на противпожарната заштита се на терен и се обидуваат да го локализираат. Засега нема информации за повредени.

Ова е втор голем пожар во Богданци, откако пред нешто повеќе од еден месец изгоре православната црква Св. Атанасиј Велики.

Повеќе податоци најавуваме за подоцна.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.