Експлозија во фабрика во Сопиште, тројца се борат за живот

Четири лица повредени во експлозија во фабрика за пиротехника во Сопиште. Тројца од повредените се во критична состојба, а двајца од нив дишат на апарати.

Лекарите се борат за нивниот живот, а телото им е речиси 90 отсто изгорено. Меѓу повредените кои се во критична состојба има и жена.

Станува збор за 27- годишниот Д.К. , Ж. А. (59) и З.С. (51). Полесно повреден е 39- годишниот Г.Ј.

Експлозијата во фабриката се случила околу 17:10 часот.