Експлозија во фабрика за оружје во Србија – повредени осум работници

Осум работници од фабриката за наменска индустрија „Крушик“ од српскиот град Ваљево се полесно повредени денеска при распрскување на детонаторска каписла на запалка од рачна бомба.

Седуммина од повредените работници по укажаната медицинска помош се пуштени на домашно лекување, а еден, кој се здобил со потешки повреди, е пренесен на лекување во Клиничкиот центар во Белград.

Според раководството на фабриката за оружје, несреќата била предизвикана од човечки фактор. И покрај инцидентот произвдоството во „Крушик“ не е прекинато.

Српскиот министер за одбрана Братислав Гашиќ бил детално информиран за инцидентот, по што побарал од раководтсвото на фабриката во целост да бидат почитувани правилата за безбедност при работа.