ВИДЕО: Експлозија во Истанбул, има жртви

Центарот на Истанбул денес беше погоден од силна експлозија, во која има и жртви, објави новинската агенција Доган.

Експлозијата се случила на централниот плоштад Султанахмет, кој е туристичка атракција во Истанбул.

Очевидците наведуваат дека случнале гласна експлозија, а телевизијата Си Ен Ен Турк, објави видео снимки на кои се гледа како на местото на настанот пристигнуваат возила на полицијата и на итната помош.

Причините за експлозијата сеуште не се познати.