недела, 25 декември 2016  |  Вести денес: 17

Експлозија во Истанбул, три лица се повредени

При експлозија на рачно изработена бомба во Истанбул три лица се повредени. Бомбата експлодирала во близина на автобуска постројка, објавија турските медиуми, пренесе МИА.

policija-istanbul-po-napadite

Поврзани вести

При експлозија на рачно изработена бомба во Истанбул три лица се повредени. Бомбата експлодирала во близина на автобуска постројка, објавија турските медиуми, пренесе МИА.

Експлозијата се случила вчера во квартот Мечидекој, во европскиот дел од градот.

Повредените се хоспитализирани, а полицијата ја блокира зоната со кордон, додека хеликоптер го надлетува местото на инцидентот.

Засега нема информации кој би можел да биде одговорен за нападот.

Во Истанбул има зајакнати безбедносни мерки по повеќето смртоносни напади во Турција за кои се обвинети џихадисти и курдски екстремисти. Претходно американската Амбасада предупреди дека постои реална закана од напади на туристички области во Истанбул и во Анталија.

Најчитани вести