Експлозија во историскиот дел на Рим, загинати и ранети туристи

Еден вработен загинал, а лице во критична состојба е пренесено во болница по експлозијата во кафуле во историскиот дел на италијанската престолнина. Тешко повреденото лице најверојатно е странец, како и починатиот, пренесува агенцијата АНСА, повикувајќи се на болнички извори. Причина за смртта, велат од болницата, е труење со чад.

Според првичните сознанија на полицијата најверојатно станува збор за експлозија предизвикана од краток спој на фрижидер кој се наоѓал во подземниот дел од кафулето на плоштадот Сан Лоренцо ин Лучина, во историското јадро на Рим, пренесува МИА.

Експлозијата предизвикала голема паника меѓу гостите во кафулето кои седеле на улицата пред локалот, а исто така и меѓу бројните туристи кои ги разгледувале историските знаменитости во близината.

Римската полиција соопшти дека се уште ги истражува околностите за инцидентот.