Експлозија во Куманово, нема повредени

Нема повредени во експлозијата во саботата утрото од подметната екслозивна направа во непосредна близина на дом во Куманово, соопшти Министерството за внатрешни работи чии службеници преземаат мерки за расчистување на случајот.

Триесетгодишниот кумановец А.Д. изутрината во 3,20 часот во СВР Куманово пријавил дека слушнал детонација од експлозивна направа пред капијата од неговата куќа.

„Излезено е на местото на настанот и првично е констатирано дека најверојатно е ставена експлозивна направа во корпа за смет пред капијата. Во настанот повредени лица нема, предизвикана е само материјална штета на прозорците од куќата“, соопшти МВР.