недела, 28 мај 2017  |  Вести денес: 27

Експлозија во магацин за ракети во Русија, евакуирани 600 лица

Се запалиле лансирни рампи кои се користат за лансирање на ракети во ниската орбита околу Земјата.

Експлозија во магацин за ракети во Русија, евакуирани 600 лица

Експлозија во магацин за ракети во Русија, евакуирани 600 лица

Последни вести

Руското Министерство за одбрана соопшти дека околу 600 лица се евакуирани, поради експлозија што се случила рано утринава во магацин за муниција на воен полигон во Астрахан во јужна Русија.

Како што јави ТАСС, при експлозијата нема жртви.

Во соопштението се посочува дека се запалиле лансирни рампи кои се користат за лансирање на ракети во ниската орбита околу Земјата.

Најмалку 600 лица се евакуирани од населбата во близина на воениот магацин, вклучувајќи ги и вработните во објектот.

Пожарникарите за кусо време успеале да го изгаснат пожарот.

– Пожарот се случи по низа силни експлозии. Според првичните информации, магационот содржи делови за производство на ракети, вклучувајќи и ракетни мотори, изјави локален претставник.

„Раша тудеј“ во првите извештаи пренесе дека во експлозијата загинале 50 лица, но руското Министерство за одбрана го демантираше тоа.

Најчитани вести