недела, 26 март 2017  |  Вести денес: 0

Експлозија во рудник во Русија: 26 лица исчезнати, 5 спасувачи загинаа

Рудникот за јаглен Воркута, Русија е погоден од втора експлозија, во која загинаа 5 лица, а едно лице е повредено, според информациите од спасувачките служби. Втората експлозија се случила за време на спасувачката мисија за спасување на рударите што беа заглавени во рудникот по експлозијата што се случи на почетокот на минатата недела, јавува „Раша Тудеј“.

rudnik-rusija-1

Поврзани вести

Во синоќешната експлозија загинале 5 припадници на спасувачките единици. Претходно неделава шест лица загинаа и пет лица беа повредени. Во моментов постои голема опасност од уште една експлозија.

Според досегашните информации вкупно 26 рудари се водат за исчезнати од првата експлозија што се случила во вторникот. Сите спасувачи се евакуирани.

Од сите 110 лица што биле заробени под земја, вкупно 80 лица се евакуирани. Во моментов во спасувачката мисија се вклучени 550 лица.

Спасувачката мисија е посебно отежната поради локацијата на рудникот што се наоѓа зад Арктичкиот Круг.

Најчитани вести