Експлозијата во рускиот авион не е несреќен случај

ките од разговорот во пилотската кабина и податоците за летот, утврдено е дека експлозијата не била несреќен случај, како и дека во почетната фаза на летот немало никакви знаци за механички дефект.

Во текот на првите 24 минути се било во ред, а потоа во дел од секунда дошло до прекин и немало никаков разговор во пилотската кабина, што експертите ги уверува дека во авионот била поставена бомба, објави телевизијата Франс 2.

Претходно рускиот претседател Владимир Путин се согласи со препораките на Федералната служба за безбедност да се прекине воздушниот сообраќај со Египет додека не бидат разјаснети причините за несреќата.

Рускиот претседател, исто така, побара воспоставување на соработка со Египет за гарантирање на безбедност во воздушниот сообраќај.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.