четврток, 24 ноември 2016  |  Вести денес: 70

Експлозија во стан во Куманово

plinska-boca-640x430

Поврзани вести

Плинска боца експлодира вчера околу 18.00 часот во Куманово, на ул. „Октомвриска Револуција“, во стан сопственост на Б.Н..

Плинската боца била во кујната над електричниот шпорет.

Од експлозијата настанало оштетување на станот, како и оштетување  на околните станови, но за среќа нема повредени лица.

Од страна на ТТПЕ-Куманово пожарот е локализиран. Увид на местото на настанот извршил Јавен обвинител, увидна екипа на СВР-Куманово и екипа на Антитероризам при МВР на РМ. Материјалната штета дополнително ќе се утврдува.

Најчитани вести