Балкан

Експлозија во термоелектраната „Колубара“

Експлозија во термоелектраната „Колубара“

Експлозија и пожар избувнаа во термоелектраната „Колубара“ во Србија, предизвикани од испаднат осигурач во една од главните трафостаници, пренесува српската телевизија Б 92.

Според првичните информации, во инцидентот нема повредени, но противпожарните екипи сеуште се борат да го стават под контрола пожарот.

Заради вонредните временски неприлики, термоелектраната „Колубара“ втор ден е надвор од погон, бидејќи е поплавена и опкружена со вода.

Српскиот минситер за енегретика Александар Антиќ демантирал дека дошло до детонација, но потврдил дека има проблеми со термоелектраната во Велики Црљани.

Граѓаните на местото Лазаревац, во близина на електраната, кои повеќе од 24 часа немаат струја и вода за пиење, буквално се отсечени од Белград.