Експлозија во Турција: Десет лица загинаа

Нападот во турскиот град Суруч

Најмалку десет лица загинале, а меѓу 20 и 25 се ранети во експлозија во турскиот град Суруч, што се наоѓа во близина на границата со Сирија, соопштија турски безбедносни лица.

Како што пишува турската новинска агенција Анадолија, на местото на експлозијата веднаш пристигнале повеќе амбулантни возила, кои што ги пренеле повредените во болниците во Суруч и Санлиурфа.

Од експлозијата биле изкршени поголем број прозорски сила, а на местото веднаш е испратен поголем број на припадници на безбедносните сили.

Како што пренесува Танјуг, се уште не е позната причината за експлозијата во културниот центар во овој град во југоисточна Турција, што од сирискиот град Кобане е оддалечен околу десет километри.