Експлозија во турскиот културен центар во Стокхолм

Експлозија одекнала вчеравечер во зградата на турскиот културен центар во Стокхолм.

Полицијата наведува дека за среќа, повредени нема.

Турскиот културен центар се наоѓа во приземје на зграда во предградието Фитја, во главниот град на Шведска, сите прозорци се искршени. Никој не е повреден бидејќи внатре немало луѓе оти центарот многу порано бил затворен.

Според наводите на полицијата, никој не е уапсен и за сега нема ниту осомничени, а специјална екипа го пребарува местото на експлозијата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.