Експлозија во близина на седиштето на ДУИ

Непозната експлозивна направа била активирана најверојатно со фрлање во близина на седиштето на ДУИ во тетовската приградска населба Мала Речица, информира портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски, пренесува МИА.

Вo полицијата, детонацијата е пријавена во 21 часот и 50 минути по што екипа на СВР Тетово излегла на терен.

При првичниот увид е констатирано дека од детонацијата нема повредени лица, ниту пак е причинета материјална штета на објекти или предмети, освен на коловозот каде имало кратер.

Надлежните органи работат на откривање на мотивите и на сторителот.