Експлозија во воена фабрика во Бугарија, десетмина повредени

Десет лица се повредени утрово при експлозија во воена фабрика во бугарскиот град Костенец, јави БТА.

Како што соопшти бугарското Министерство за одбрана експлозијата се случила при пренесување на муниција во фабриката во Костенец, град кој се наоѓа на околу 60 километри југоисточно од Софија.

Причините за експлозијата засега не се познати.

Бугарското Министерство за здравство информира дека седуммина од жртвите минале со полесни повреди, а другите тројца имаат исекотини и посериозни повреди и се пренесени на лекување во Военомедицинската академија во Софија.

МИА

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.