Експлозија во зградата на даночната служба во Атина

Бомба експлодира изминатата ноќ во зградата на општинската даночна служба во Атина, предизвикувајќи единствено материјална штета, соопштија грчките медиуми, објави МИА.

Експлозијата предизвикала пожар, што брзо бил совладан.

Рачно изработената бомба била поставена во магацински простор на даночната служба.