Експлозијата во близина на амбасадата на САД е изолиран инцидент

Експлозијата во близина на американската амбасада во Пекинг е изолиран инцидент, оцени кинеското Министерство за надворешни работи.

Пекиншката полиција брзо и соодветно се справи со ситуацијата, изјави портпаролот на кинеското МНР,Гин Шуан.

Полицијата во Пекинг претходно потврди дека Цјан Моумоу (26) од Внатрешна Монголија, област во Кина го поставил експлозивот. При експлозијата повредена е неговата рака и одведен е во болница.

Претходно, локалните медиуми информираа дека маж се обидел да фрли преку оградата своерачно изработена експлозивна направа, но таа предвреме експлодирала.

Очевидци за ТАСС изјавија дека момчето стоело на крајот на редицата за подавање документи во центарот за визи при американската Амбасада, со намера да замине во Лос Анџелес.