Експрес: Капитулацијата на Заев и Димитров со трајни последици за Софија постојат сите јазици, освен македонскиот јазик

Бугарското министерство за правда преку тендер за преводи на странски јазици ја открива тактиката на владата во Софија за непризнавање на македонскиот јазик како различен од бугарскиот, објави порталот expres.mk

Според тендерската документација за набавката „Извршување на пишан и орален специјализиран превод“ вредна околу 180 илјади евра македонскиот јазик не се именува како таков во групата на посебни јазици за кои се бараат услуги.

Во барањето македонскиот јазик се именува како „Официјален јазик на Република Македонија“ а сите други јазици за кои се бара превод се именуваат изворно.

Бугарското министерство за правда бара превод за Англиски, Француски, Германски, Италијански, Српски, Хрватски, Турски, Молдавски и уште десетина други јазици но за ниту еден друг јазик освен за македонскиот не пишува дека се бара официјален јазик на некоја држава.

Во тендерот нема објаснување зошто наместо македонски во тендерот стои „официјален јазик на Република Македонија“ но јасно е дека бугарските институции следат насока дадена од владата. Со тендерот се потврдува официјалниот став на источниот сосед според кој македонскиот јазик не постои и тој е дијалект на бугарскиот и се следи формулацијата која ја содржи договорот за пријателство потпишан на први август.

Пристапот на бугарското министерство за правда нема никаква логика затоа што ако Бугарија смета дека македонскиот и бугарскиот јазик се исти тогаш зошто би се барале превод за него. Ниту една друга држава во Европа не бара преводи за свои дијалекти или наречја.

Бугарските власти во неколку наврати предходно изјавија дека Бугарија не е таа којашто признава јазици или нации а единствена којашто рече дека со признавањето на независноста на Македонија, Бугарија го признала уставот и со тоа и официјалниот јазик, беше министерската за надворешни работи. Поради својата изјава Екатерина Захариева, беше жестоко критикувана во јавноста по што мораше да ретерира.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.