Експрес лоз Хороскоп му донесе 30.000 денари на неготинец

Ѕвездите се смешкаат, носат среќа и забавуваат многу љубители на астрологијата и Екпрес лотаријата.

Февруари го заокружуваме со уште една убава добивка, благодарение на  Експрес лозот Хороскоп. Спаско Чулев од Неготино е најновиот среќен добитник, кој освои освои 30 илјади денари.

Интересно е тоа што Спаско игра првпат. Својот среќен старт во светот на игрите на среќа на Државна лотарија на Македонија го направил купувајки два Експрес лоза Хороскоп во продажното место Тобако во Кисела Вода. Среќата сакала овој астролошки припадник на Водолија, да го израдува токму во периодот на владеењето на Водолијата, иако тој одбрал Експес лоз Хороскоп од астролошкиот знак Јарец.

Само за потсетување, Експрес лозот Хороскоп на Државна лотарија на Македонија беше пуштен во продажба на 5 јуни, минатата година.

Под мотото Отвори и види што носи твојот хороскопски знак денес, Државна лотарија на Македонија со оваа игра на среќа, внесува интересна забава за љубителите на Експрес лотаријата и астрологијата. Со Експрес лозот Хороскоп на Државна лотарија на Македонија имате супер шанса за експресни добивки од 20  до 30.000 денари, со влог од 20 денари.