„Експрес“: По два века мир, Шведска треба да се подготвува за војна

По повеќе од два века мир во Шведска се поприсутно е мислењето дека скандинавската земја треба да се подготви за војна со потенцијалниот сериозен противник, објави британскиот весник „Експрес“.

Весникот се повикува на доверливи документи, што протекоа во јавноста.

– Безбедносната ситуација во моментот ме наведува на заклучок дека во следните неколку години можеме да бидеме во војна -изјавил главниот командант на шведската армија Андерс Бранстром, се наведува во документите.

Армијата сега прави и долгорочни планови за судир кој би бил можен во периодот меѓу 2016 и 2020 година и оти земјата мора да биде подготвена за најголемиот непријател.

Тоа е првпат во поновата историја висок воен претставник да изјави дека Шведска е на работ од војна.

Претседавачот со Комитетот за одбрана Алан Видман изјави дека Шведска доживува „најголема агресија од Русија“ бидејќи не е членкана НАТО.

– Мојата проценка е дека ситуацијата е толку сериозна што дури и Шведска, која има повеќе од 200 години мир, во моментот мора да се подготвува за евентуален вооружен конфликт, конфликт во кој ќе учествуваме – истакна Видман.

Русија неколку пати ја тестираше одбраната на скандинавските земји со борбени авиони во близина на нивните граници.

Шведскиот министер за одбрана Микаел Бајден изјави дека во моментот не постои воена закана кон Шведска, додавајќи оти земјата има добро обучена армија.