Експресно косење на тревата во студентскиот дом „Стив Наумов“

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Змија се јаде самата себеси
ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Змија се јаде самата себеси

Несаканиот цимер- змија кој влета во студентскиот дом „Стив Наумов“ во скопска Aвтокоманда, беше главната причина што уште од 5 часот утрово, надлежните ги засукале ракавите и ја искосиле тревата.

Реакциите од студентите по социјалните мрежи не беа доволни за да се уреди зеленилото и барем малку да заличи на дом за живеење. За да се смени работата, мораше дел од студентските домови да се претворат во змијарници, и на нозе да ги кренат градските власти, кои како да се заборавија во своите кожни фотељи, велар родителите.

Жител од блиските згради, кој сакаше да остане анонимен, за Алфа вели дека овој дел од студентскиот наликувал на прашума. Вели, жешкиот бетон и високата треба околу бараките, биле главен магнет за поганот.

Ваквата реакција на надлежните следува откако студенти од „Стив Наумов“ алармираа за проблем со змија која ги извадила од памет. Дел од нив реагираат дека причината за нејзино појавување во непосредна близина на влезот на една од бараките била неискосената трева во дворот. Велат цимерите да ги затвораат прозорците за да не им дојде некој несакан гостин влекач.

Тука често се случува да нема вода и основни услови за живот. Дел од студентите пак велат дека имало услови за живот, но далеку од задоволувачки.

Инаку, змиите не се единствен проблем кој ги мачи студентите од „Стив Наумов“. Пред одреден период се поплавила третата зграда поради лошо одржувањето на зградата.

„Стив Наумов“ е составен од три згради и 8 павиљони. Важи за еден од најзапоставените домови во државата и функционира во субстандарнди услови.

Првите две згради се изградени во 1964 и сега како да се заборавени уште во тоа време, а третата е нешто понова изградена во 1992. Пред неколку години, во употреба беа пуштени новите павиљони кои никнаа на местото на старите бараки. Во нив има најповолни услови за престој на студентите, за разлика од останатите делови за кои студентите во многу наврати се жалеа дека има екстремно лоши услови за живот.

Студентите и натаму остануваат сами на себе да се снаоѓаат и да бараат начин како да преживеат во студентските домови.