Екстермистите се закануваат: Белград е следен

Радикалните муслимани преку интернет, поготово на босанските портали и социјалните мрежи, во коментари го возишуваат терористичкиот напад на францускиот магазин „Шерли Ебдо“. Екстремистите го искористител злосторството да испратат заканувачки пораки и во Србија.

„Ако започне војна, ниеден Србин нема да остане на планетата“, е само еден од коментарите на порталот Санџак прес, а се надоврзува и „следен е белградскиот пашалук во кој ќе има поголеми резултати“.

Свет на омраза

Аналитичарот Душан Јањиќ вели дека таквите реакции потврдуваат дека живееме во свет на омраза, насилство и глобален тренд на пораст на радикалниот и верски екстремизам.

„Сериозни се ризиците и во Србија да се случи трагедија како онаа во Франција, а Србија се однесува како да е скандинавска земја. Србија не може да ги решава глобалните проблеми, но да ги зајакне службите и да се посвети повеќе на борбата против тероризмот, бидејќи на терироријата на Балканот се обучувани вахабисти. Нешто што не смее да се заборави“, вели Јањиќ.

Поради опасност дека нападите ќе се прошират во Европа и Балканот, полицијата ги зајакнала мерките за безбедност во Босна, на цела терироја на Србија, а поготово во Санџак и Рашка.

Зоран Драгишиќ, професор на факултетот за безбедност, предупредува дека т.н. синдром крвава стоногалка во која по големио терористички напад луѓе се однесуваат исто.

Нови злосторства

„По нападот на редакција се случиле уште две злосторства во Франција. Многу е важно да се увиди дали станува збор на „крава стоногалка“, бидејќи луѓете го имитираат претходниот настан“, вели Драгишиќ, кој додава:

„Нападите се во момент кога имало состанок во редакцијата, добро го познавале распоредот на просториите, што укажува дека имале некој од внатре кој им помагал и им давал информации“, истакнува тој.

Соработка со странски служби

Во БИА тврдат дека секојдневно спроведуваат активности од делокругот на своите надлежности, а поготово во борбата против тероризмот.

Сите активности се спроведуваат во соработка со останатите безбедносни служби во Министерството за внатрешни работи. Што се однесува на меѓународната соработка, контактите се редовни и ваквиот вид на случаи не ги инензивираат. На колегите од Франција им нудиме помош доколку е потребна- велат за српски Курир, од БИА.

Санџак прес
Alahu-ekber!

„Следен е белградскиот пашалук со поголеми резултати, Ишала“-Салим

„Ако почне војна, ниеден Србин нема да остане на планетата“- Сокол

„Јас на ова и порано се надевав. Жал ми е само ако има невини кои настрадале, а за овие карикатуристи, ни малку“- Нермин Шулка Смирковиќ

„Искрено кажано, многу ми е мило! Штета што немале повеќе мртви! Оној кој си игра со оган ќе се изгори… Да видиме кој сега ќе игра и ќе навредува повторно“- Робин Кандиќ Ран

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.