недела, 26 март 2017  |  Вести денес: 25

Екстерно тестирање за 2015/2016 од утре до 11 јуни

ucenici

Последни вести

Од утре до 11 јуни ќе се проведува екстерното тестирање на постигнувањата на учениците за учебната 2015/2016 година во јунската сесија.

Во оваа сесија ќе бидат опфатени 178.648 ученици од основните и средните училишта, кои ќе бидат тестирани по 1972 предмети, соопшти Државниот испитен центар.

ДИЦ претходно го објави базенот со прашања по сите предмети. Учениците се тестираат по два предмета кои ги дознаваат три дена пред полагањето, така што на учениците што ќе бидат тестирани утре предметот им беше соопштен во петокот попладне.

Поради уписите во средно училиште (28-ми и 29 јуни), резултатите од екстерното тестирање најпрво ќе бидат објавени за деветтодделенците (на 13 јуни), а за сите останати ученици на 17 јуни.

Екстерното тестирање беше воведено во учебната 2012/2013 година со цел да се провери објективноста на наставниците при вреднувањето на успехот на учениците.

Најчитани вести