Македонија

Екстерното тестирање на матуранти се спроведе во 93 училишта

Екстерното тестирање на матуранти се спроведе во 93 училишта

Министерството за образование и наука и Државниот испитен центар информираат дека во рамки на процесот на екстерната проверка на постигањата на знаењата на учениците од завршните години (трета и четврта) во средните училишта, согласно акцискиот план и дефинираната динамика, денес беа тестирани вкупно 8.193 ученици, во 93 училишта во 35 општини во Република Македонија.

Процесот е целосно и успешно заокружен во училиштата во Скопје, Македонски Брод, Богданци, Валандово, Берово, Виница, Делчево, Кавадарци, Пробиштип, Радовиш, Ресен, Демир Хисар, Маврово – Ростуше, Липково, Штип, Св.Николе, Врапчиште, Гевгелија, Неготино, Прилеп, Охрид, Кочани, Велес, Струга, Битола, Крушево, Кратово, Центар Жупа, Македонска Каменица и Крива Паланка.

Во општините Струмица, Куманово, Тетово, Гостивар, Кичево, каде процесот е реализиран делумно, ќе бидат утврдени дополнителни термини за тестирање на дел од учениците. Во единственото средно училиште во општина Дебар, процесот не е реализиран.

Екстерната проверка на постигањата на вкупно 20.567 ученици од завршните години (трета и четврта година), како и проверка на објективноста на оценувањето на 3.923 наставници по 2.622 предмети, ќе продолжи да се реализира заклучно со 31.1.2015 година. Резултатите ќе бидат објавени на 2.2.2015 година.