Екстра-меин: Изворот на листерија не е кај нас!

Сигурни сме само во едно – изворот на листеријата не е во Екстра Меин, велат од компанијата.

„Ги поддржуваме напорите на министерот за здравство Никола Тодоров конечно да влеземе во разрешница на мистеријата за фамозната бактерија. Во целиот хаос од импровизации, волунтаризми и фингирања на одредени институции, сигурни сме само во едно – изворот не е во Екстра меин! Ако некој наведува дека е користен дезинфициент во производствениот погон, треба да знае дека тоа е стандардна процедура по завршување на секој работен ден во погонот, кога се чистат и се дезинфицираат опремата и просториите„, стои во нивното соопштение.

Тие велат дека сите нивни производи се термички третирани, на температура од 73 до 79 целзиусови степени, вклучително и вакумираниот сечкан свински врат! Што значи дека нема никаква можност од појава на листерија во вака термички третирани производи.

Како доказ за тоа се и направените 272 редовни и над 60 вонредни анализи на мостри земени од производствениот погон, само од почетокот на 2014 година, и сите се негативни.

Од Екстра-меин велат дека го поддржуваат министерот Тодоров да се разреши случајот.