Екстра расположени стрелци на синоќешните натпревари на Копа Америка

Синоќа во рамките на Копа Америка беа одиграни два натпревари, а интересно е дека беа постигнати дури 11 погодоци.

На првиот меч, Боливија успеа да го совлада Еквадор со 3:2, во натпревар каде репрезентативците на Боливија уште по првиот дел имаа убедливо водство од три гола разлика.

Ралдес во 5-та, Смедберг во 18-та и Морено во 43-та минута беа стрелци на погодоците за Боливија, додека Валенсија и Болањос погодија за Еквадор. Токму стрелецот на првиот гол за Еквадор, Валенсија промаши пенал во првиот дел, што на крајот се покажа како пресудно во поразот од Боливија.

На другиот меч имаше 6 погодоци, односно Чиле и Мексико ремизираа со резултат 3:3.

За чиле прецизно стрелаа Видал (2) и Варгас, додека за Мексико голови постигнаа Вуосо (2) и Хименез.

Пред последните мечеви во групата првите две места ги држат Боливија и Чиле со по четири бода, Мексиканците имаат два, додека Еквадор ги загуби сите шанси за пласман во четвртфиналето затоа што е на нула.