Екстрадиран Ѓорѓи Топаловски, осомничен за двојното убиство кај Зоолошкa

Вчеравечер од Мадрид во Македонија беше екстрадиран Ѓорѓи Топаловски, осомничен за двојно убиство кај Зоолошката градина во Скопје, во 2007-та година.

Засега е познато дека тој слетал на аеродромот во Скопје и веднаш бил превземен од макеоднската полиција.

Четириесетгодишниот Топаловски се бараше поради сомнение дека на 22 ноември 2007 година ги убил Андреј Филип – Џиџи (35) и триесетгодишниот Новица Благоевиќ – Моско од Скопје, а потоа ги прегазил со неговиот автомобил.

Според информациите од полицијата, Топаловски ги убил двајцата скопјани бидејќи подолго време им должел 10.000 евра кои му ги дале под лихва.