Видео: Екстрадиран македонски државјанин осуден на доживотен затвор во случајот „Детонатор“

Италијанската полиција синоќа го екстрадираше во Македонија 35 годишниот Симеон Михаилов кој е инволвиран во случајот „Детонатор“, пишува порталот „Курир“.

Михаилов минатото лето беше уапсен во Италија, а во август лани Министерството за правда до италијанските власти ги испрати потребните документи за негова екстрадиција во Македонија.

Михаилов се наоѓаше во екстрадиционен притвор во Италија.

Кон крајот на минатата година беа изречени судските пресуди во случајот „Детонатор“ според кои Михаилов е осуден на доживотна казна затвор поради обид за убиство на Драганчо Стоименов од Кочани.