Екстрадиран синот на Гадафи

Синот на поранешниот либиски лидер Моамер Гадафи, Сади, е екстрадиран на властите во Триполи.

„Сади Гадафи е во притвор и кон него ќе се однесуваме во рамки на меѓународните закони“, соопштила либиската влада и навела дека во текот на денот ќе бидат соопштени повеќе детали.

Неименуван либиски претставник рекол дека Сади Гадафи рано утрово бил префрлен во Триполи и се наоѓа во затвор во либиската престолнина.

Сади Гадафи во текот на бунтот во 2011-та година, кога бунтовниците го фатиле и го убиле неговиот татко, па преку Сахара побегнал во Нигер, каде што е уапсен и држен во домашен притвор.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.