Екстрадираниот обвинет во „Шпион“ веќе сместен во Шутка

Борис Перков, еден од обвинетите во случајот „Шпион“ рано изутрината на скопскиот аеродром „Александар Велики“ беше екстрадиран со авионски лет преку Виена  откако претходно беше уапсен во Прага, Чешка.

Перков се бараше со меѓународна потерница издадено од Основниот суд 1 во Скопје како осомничен за три кривични дела злосторничко здружување, шпионажа и злоупотреба на службената положба.

„Конкретно беше осомничен дека како вработен во еден од мобилните оператори им обезбедувал на членовите на злосторничкото здружение опфатени  со „Шпион“ лични податоци за телефонските броеви за дел од лицата кои биле уценувани и биле предмет на изнуда, како и други податоци преку кои доаѓале до дополнителни информации или преку кои ги вршеле крвичните дела кои им се ставаат натовар“,  вели Иво Котевски, помошник министер за односи со јавност во Министерството за внатрешни работи.

Судењето на останатите обвинети во „Шпион“ стартува во јануари годинава.