Екстраваганција во чаша: Синото вино станува хит во свето

Заборавете на црно и на розе виното- синото вино е пијалак на иднината!

Шест млади претприемачи од Шпанија ја основале компанијата „Гик“ со желба да направат револуција во шпанската винарска индустрија која се заснова длабоко на традиционаното правење вино.

Ова надреално вино со преубава модросина боја се прави со мешање на бело и црно грозје кое расте во Шпанија. На оваа мешавина се додава антоцианин – пигмент од кожата на црното грозје и индиготин – прав кој е заслужен за сината боја.

files (1)

Синото вино содржи 11.5 отсто алкохол и од производството веќе се продадени 70.000 шишиња.

Експертите сугерираат ова вино да се пие со суши, начос или паста карбонаре