Свет

Екстремисти упаднаа зграда на ирачко министерство

Екстремисти упаднаа зграда на ирачко министерство

Екстремисти упаднаа зграда на ирачкото Министерство за човекови права во североисточниот дел на Багдад и зедоа за заложници неколку цивилни службеници, пренесе „АФП“.

Нападот е извршен од осум вооружени мажи, соопштија претставници на Министерството за внатрешни работи и полицијата.

Силите за безбедност го изолирале регионот во кој се наоѓаат уште неколку владини згради. До моментов нема информации за жртви за време на екстремистичкиот напад.