Свет

Екстремисти во Ирак убиле 40 деца

Екстремисти во Ирак убиле 40 деца

Четириестина деца од малцинските ирачки верски групи се убиени во нападот на исламските екстремсти во областа Синџар, на северот на Ирак, соопштива УНИЦЕФ.

„Децата починале како директна последни од насилство, раселување и дехидрација последните два дена“, се додава во соопштението.

Борците на ултрарадикалната воена група ИСИЛ викендов ги зазедоа градовите Синџар и Зумар, кои дотгаш беа во рацете на Курдите.