Екстремистичката Алтернатива за Германија бара забрана за џамиите

Екстремистичката Алтернатива за Германија бара забрана за џамиите
Екстремистичката Алтернатива за Германија бара забрана за џамиите

Раководството на екстремно десничарската партија Алтернатива за Германија (АФД) во Долна Баварија, еден од седумте региони во Баварија, предлага забрана за изградба и функционирање на џамии во целата покраина.

Како што јави допсиникот на МИА од Берлин, во предлог-програмата иницирана од членови на АФД од овој регион се вели дека „Исламот не припаѓа во Германија“.

Медиумите во Германија денеска пренесуваат дека, според предлогот изнесен во политичката програма на огранокот на партијата во Долна Баварија, треба да се забрани изградба и функционирање на џамии. По предлогот треба да се дебатира и тој да биде усвои на партиска конференција во Штудгарт на крајот на април.

Предлог политичката програма носи наслов „Храброст да се преземе одговорност“ и тој содржи објаснување дека џамиите служат не само за обично молење, туку и за ширење на исламскоѕо учење кое е насочено против поредокот во Германија.

Во предлог-програмата се тврди дека Куранот дозволува „лаги и измами“ и дека „Исламот веќе ја остварил зацртаната цел да доминира во 59 од вкупно 190 држави“.

АФД од Долна Баварија смета дека авторите на германскиот Устав, кои слободата на религијата ја предвиделе во членот 4, не зеле предвид дека некоја религија „може да предизвикува криминал и да тежнее кон светска доминација“.

Според медиумите, одговорни за овој предлог се група десничарски активисти во АФД, познати под името „Крило“, во која членуваат и високи претставници на партијата не само од Баварија, туку и од Саксонија-Анхалт, Брандербург, Турингија, Саксонија и други покраини.

Од контроверзниот предлог се огради лидерот на АФД во Баварија Петер Бојстрон, кој тврди дека предлогот е резултат на внатрешно партиски несогласувања.

Информациите за контроверзниот предлог, кој ги вознемири муслиманите во Германија, доаѓаат по интервјуто на лидерката на АФД Фрауке Петри за Дојче Веле, во кое таа говореше за нејзините барања да се користи огнено оружје против бегалците на границата, како и за ксенофобичните и антиисламските ставови на членови на партијата.

АФД, која е формирана во 2013 година, на последните избори во три германски покраини доби поддршка поголема од 10 проценти за своите антиисламски и антимигрантски ставови и ја зацвстри својата позиција како трета најпопуларна партија во земјата