Екстремистите го зазедоа ирачкиот град Џалавла

Џихадистите од редовите на Исламската држава ја презедоа денеска контролата над ирачкиот град Џалавла кој се наоѓа на 115 километри североисточно од Багдад, по жестоките судири кои траат веќе една недела со куирдските борци во кои погинаа повеќе од 10 Курди, соопшти ирачката полиција.

Арапската лига го осуди денеска нападот на џихадистите на Исламската држава врз малцинските етнички групи, како језидите, официјализирајќи дека станува збор за злосторство против човештвото.

Голем број на Језиди се заробени на планините на северот на Трак по нападот на екстремистите. САД им пратија помош на језидите со транспортни авиони.