Екстремно ниски температури на Балканот

Балканските земји издадоа предупредувања за екстремно ниските температури.

Бугарскиот национален метеоролошки и хидролошки завод предупредува на екстремен студ и ветер во цела земја. Освен на брегот на Црното Море, температурите во текот на денот никаде нема да бидат повисоки од -7 степени.

Три лица во Бугарија починаа како последица на премрзнување.

Во Србија, каде има двајца починати од студ, денеска температурите нема да надминат -6 степени, а во Белград за дочекот на новата година се очекуваат -12 степени на отворено.

Најладно ќе биде на планините околу Сараево, каде се очекуваат температури и до -23 степени, а во самиот град температурата денеска е -10 степени.

На црногорските планини беше -17 степени Целзиусови.

Во Македонија е прогласена жолта опасност во делови од земјата поради ладните температури.