Видео спотови со препораки за екстремно ниски температури наменети за лицата со оштетен слух

Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), Центарот за управување со кризи, Заводот за рехабилитација на деца со оштетен слух, говор и глас и други проблеми во развојот Кочо Рацин – Битола и Министерството за образование и наука, изготвија серија на кратки информативни видео спотови  кои можат да им помогнат на лицата со оштетен слух полесно да се справат со различни природни катастрофи, како што се земјотреси, поплави, поројни дождови, високи, односно ниски температури и сл.

Прв од серијата на видео спотови, кој беше емитуван во јули 2015 година, беше за подготвеност и заштита во случај на топло време.

Во овој период, со оглед на постојната состојба со екстремно ниските температури, пуштен е видео спот за подготвеност и заштита од ниски температури во кој лицата со оштетен слух ќе имаат можност да научат за основните постапки и процедури кои се препорачани и се применуваат во случај на екстремно ниски температури и појава на мраз и снег.

Со ова се продолжуваат активностите за јакнење на свеста и знаењето на различните категории на граѓани за справување со кризни состојби.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.