Свет

Еквадор: 55 затвореници избегаа од затвор

Еквадор: 55 затвореници избегаа од затвор

Во Еквадор, 55 затвореници избегале од затвор, пренесува „ИТАР-ТАСС“. Според податоците на министерот за надворешни работи на земјата, тие избегале во времето предвидено за гледање со своите роднини.

Полицијата успеала да пронајде 20 од избеганите затвореници и повторно да ги уапси, а по останатите се’ уште се трага.

Според податоците на министерот, никој од побегнатите затвореници не припаѓа во категоријата на „опасни криминалци“.