вторник, 29 ноември 2016  |  Вести денес: 48

Еквадор го прекина интернет пристапот на Асанж

Викиликс соопшти дека Еквадор го прекинал пристапот до интернет на основачот на оваа веб страница, Џулијан Асанж, кој престојува во еквадорската Амбасада во Лондон.

асанж

Поврзани вести

Како што јави Би-Би-Си, засега нема официјална потврда на соопштението на Викиликс, а не се позанти ни евентуалните мотив на Еквадор за донесување таква одлука.

Вработен во еквадорската Амабасада во Лондон телефонски за британскиот јавен радиодифизен сервис само изјавил дека „не може да открие каква било информација“.

Би-Би-Си наведува дека амбасадорот на оваа јужноамериканска земја, одбива да ги коментира тврдењата на Викиликс, што ја создаде Асанж пред десет години, а каков било коментар за случајот не сакала да даде ни лондонската Метрополитен полиција.

Џулијан Асанж од јуни 2012 година се крие во зградата на еквадорската Амбасада во Лондон, каде се засолни со цел да не биде екстрадиран во Шведска, каде е осомничен за сексуално насилство.

Во август тој доби политички азил од Еквадор, но не може да отпатува за оваа земја, затоа што ќе биде веднаш уапсен од британската полиција, доколку излезе од зградата на Амбасадата.

Викиликс деновиве објави хакирани приватни мејлови на Хилари Клинтон, а минатиот викенд и транскрипт од платениот говор на демократскиот претседателски кандидат во банката „Голдман и Сакс„ што нејзиниот штаб досега не сакаше да биде јавно презентиран.

Изборниот штаб на Клинтон, хакирањето го означи како кибер напад диригиран од руски хакери, за да им се наштети на Демократската партија и на нејзиниот кандидат.

Најчитани вести