6.8 C
Skopje
сабота, април 20, 2024

Еквадор ќе му го укине азилот на Асанж?

Еквадор е се поблиску до одлука да му го укине азилот на основачот на Викиликс, Џулијан Асанж и да го исфрли од својата амбасада во Лондон, објави американскиот истражувачки новинар, Глен Гринвалд.

Еквадорскиот претседател Ленин Морено во петокот ја посети Велика Британија каде се сретна со тамошните политичари како би направиле договор со кој азилот на Асанж би бил укинат, а тој предаден на британските власти, објави Гринвалд на својата интернет страна „Интерсепт“.

Тој наведува, повикувајќи се на извори блиски до еквадорскиот претседател и министерството за надворешни работи, дека веќе на почетокот на следната недела Асанж би можел да биде исфрлен од амбасадата на Еквадор.

Австралискиот државјанин Асанж се наоѓа во амбасадата на Еквадор од 2012 година, откако во Шведска беше обвинет за сексуален напад. Внатре во амбасадата тој не смее да биде усапсен.

Шведска во меѓувреме се откажа од обвинението, но во Британија и понатаму му се заканува апсење, затоа што тогаш се јавуваше на судскиот повик.

Асанж тогаш веруваше, како што верува и сега, дека ако ја напушти зградата на амбасадата, ќе биде изречен на САД, каде ќе биде испитуван за активностите во Викиликс.