Еквадор остана во игра за 1/8 финале

Репрезентацијата на Еквадор ја искористи најважната шанса за пласман во следната рунда натпревари, откако во вториот натпревар во групата “Е”, забележа пресврт победа од 2:1 во дуелот против незгодниот тим на Хондурас.

Хондурас прв дојде во водство со погодокот на Костил во 31 минута, но само три минути Енер Бенега го постигна израмнувачкиот погодок.

Истиот фудбалер во 65 минута повторно се запиша во листата на стрелци и со право го понесе епитетот на најдобар фудбалер на натпреварот и најзаслужен за освоените три бода.

Во последното коло од групната фаза, репрезентацијата на Еквадор има обврска да забележи позитивен резултат во дуелот против фаворизираната селекција на Франција.