Еквадор повторно се тресе

Еквадор повторно се тресе. Земјотрес со јачина од 6, 2 степени според Рихтеровата скала го погоди Еквадор, објави Пацифичкот цунами центар за тревога, само неколку дена по разорниот земјотрес во кој што животот го загубија 500 лица.

Епицентарот е 70 километри западно од Есмералда, недалеку од епицентарот на претходниот земјотерс со јачина од 7, 8 степени според Рихтер.

Ројтерс јавува дека биле почувствувани два силни потреси во траење од по 30 секунди, што предизвикало паника кај жителите што масовно излегле на улиците.

Сеуште нема официјални информации за штетите и за евентуалните жртви од денешниот земјотрес.