Еквадор: При удар на гром повредени 52 лица

При удар на гром во Еквадор повредени се 52 лица, а 15 од нив се хоспитализирани, пренесува МИА.

Громот удрил во едно училиште за обука на сообраќајни полицајци во близина на главниот град на Еквадор, Кито. Повредените чекале во ред да влезат во мензата на вечера. Никој од настраданите не е сериозно повреден.

Во јануари гром усмрти тројца членови на едно семејство во покраината Лоја, во близина на границата со Перу.

Еквадор последните денови е погоден од обилни дождови што предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето.