Екзекутирани седум милитанти во Пакистан

Седум лица осудени на смртна казна поради припадност кон исламистичка организација, беа егзекутирани денеска во Пакистан, објави МИА.

Тројца биле обесени во Сукур и еден во Карачи и во јужната провинција Синд, додека други двајца беа обесени во Фаисалабад и еден во Равалпинди во источната провинција Пенџаб.

Засега нема формално соопштение, но официјален претставник од Министесртвото за внатрешни работи потврди за егзекуциите.

– Егзекутираните биле членови на забранети милитантни групи и осудени на смртна казна, изјави претставникот кој побарал анонимност.

Пакистанските власти досега егзекутираа девет затвореници, откако претходно го укинаа мораториумот по нападите во училиште во Пешавар кога загинаа 136 ученици.

Според Министерството во Пакистан има повеќе од 8.000 осудени на смртна казна.