„Ел класико“: Многу повеќе од обичен фудбалски натпревар!

Во дуелите меѓу Реал Мадрид и Барселона ретко недостасува драма, а денешното „Ел класико“ (18ч.) се чини ќе изобилува со возбуда, дури и повеќе од вообичаено.

Луис Суарез се враќа од суспензијата поради гризење, а неговиот соиграч од Барса, Лионел Меси, е на чекор до израмнување на голгетерскиот рекорд во Примера.

Милиони гледачи низ целиот свет се сведоци на неверојатните дуели на овие два европски гиганти, кои низ годините беа претстава со најголемите таленти во фудбалот, а не ретко завршуваа и со големи контроверзи.

Овие натпревари имаат и политичка позадина, а денешното издание ќе има уште позасилена националистичка нота, со оглед на актуелната битка меѓу централната шпанска власт во Мадрид и каталонската администрација во Барселона за независност на регионот.

Денешниот дуел на „Сантјано Бернабеу“ е 169. меч во Примера меѓу најбогатите светски клубови според нивните приходи. Барса ќе биде засилена со смртоносниот голгетер Суарез, кој ќе го има своето деби за Каталонците по четиримесечната суспензија поради гризење на Џорџо Кјелини на Мундијалот во Бразил. Со него ќе биде комплетиран „триглавиот“ напад на Барселона, кој заедно со Меси и Нејмар во моментов делува најопасен во светот.

el-clasico

Меси, пак, е на еден гол од израмнување на рекордот во Примера од 251, поставен пред шест децении од Телмо Зара, а 27-годишниот Аргентинец е водечки стрелец на дуелите од Ел класико со 21 гол, два повеќе од легендарниот Алфредо Ди Стефано.

По променливиот старт на сезоната, Реал е во одлична форма во моментов, а Кристијано Роналдо има постигнато неверојатни 15 голови на само седум средби од Примера. Иако далеку зад него, одличен учинок има и двоецот на Барса, Нејмар со осум, а Меси со седум погодоци досега сезонава.

a

Барса е лидер на табелата со само едно реми на осум меча, во кои сѐ уште не примила гол, а славеше и на двата дуели против големиот ривал минатата сезона. Реал, кој има негатива од четири бода на третото место, ќе биде без најскапиот играч во историјата, Герет Бејл, кој има истегнување на бутот добиено на мечот против Ливерпул од Лигата на шампионите.

a1

Реал има само две победи во последните 12 дуелит против Барселона во Примери (2-2-8), но избраниците на Карло Анчелоти се во серија од пет победи по ред во лигата, во кои просечно постигнуваа по пет гола. Барса има можност да постави нов рекорд за најдолга серија натпревари без примен гол во лигата, која ќе достигне до девет доколку мрежата остане непипната и попладнево, што сепак е тешко за верување. Каталонците немаат пораз на последните 13 натпревари во Примера (9-4-0), а последниот неуспех го доживеаја во април кога загубија од Гранада со 0-1.

Двата тима постигнале барем по еден гол на последните 16 „Ел класика“, што е најдолга ваква серија во историјата на ова дерби. Реал има најмногу постигнати голови од сите екипи во најдобрите пет европски лиги сезонава (30), а Барса е единстевниот тим без примен гол.

Sportmedia.mk