Спорт

Ел Нињо не сака фудбалска неправда

Ел Нињо не сака фудбалска неправда

Шпанскиот интернационалец од редовите на лондонскиот премиерлигаш Челзи, Фернандо Торес е убеден дека неговиот поранешен клуб, Атлетико (М) ќе ја освои шампионската титула во актуелната сезона од шпанската Примера дивизион.

„Ако не ја освои шампионската титула, тогаш ќе бидеме сведоци на една фудбалска неправда. Ќе бидам пресреќен ако шампионскиот пехар пристигне на “Винсенте Калдерон”, ќе бидам многу среќен поради големиот успех на сите фудбалери, на тренерот, на клупските челници. Можам да замислам колку ќе бидат среќни најверните фанови. Фудбалот најпосле ќе им даде шанса на тие клубови кои не се толку моќни кога се во прашање финансиите, ќе бидеме сведоци на една многу ретка ситуација. Ова не е тим изграден од шампиони,” изјави Торес.