„Елефтерос Типос“: Заев изгледа како човек од слама воден од нишалката Тирана – Брисел

Зоран Заев негира дека неговите албански сојузници го доведуваат во прашање територијалниот интегритет на Македонија, како и тоа дека неговата номинација е преку команда на албанскиот премиер Еди Рама и познатата Тиранска платформа, но Москва смета дека нејзината крајна цел е создавање на голема Албанија, преку поврзување со Косово и делови од Црна Гора, Македонија и Грција, пишува весникот „Елеферос Типос“.

Како што јавува дописникот на Нетпрес од Атина, актуелната агенда за голема Албанија и улогата на СДСМ во истата, го вклучи алармот и кај јужниот сосед, чии медиуми информираат и дека случувањата во регионот се последица на напорите на Западот да го блокира рускиот гасовод чија конструкција почнува периодов.

 42 годишниот лидер на Социјал Демократите остава впечаток на човек од слама, занишан и воден од нишалката Тирана – Брисел. На пример, кога Џафери крена бура со поставувањето на знамињата на Албанија во кабинетот на претседателот на Парламентот, Заев не му нареди да ги отстрани и наместо тоа нежно го замоли да ја поправи грешката, пишува „Елефтерос Типос“.

Весникот додава дека иако Заев и СДСМ се попријателски наклонети кон Грција,но и кон Бугарија, нивното доаѓање и останување на власт ќе го зајакне проспектот за создавање автономна албанска област со центар во Тетово.

Фактот дека агендата за голема Албанија освен на Македонија и се заканува и на Грција е се повеќе потенциран од највлијателните грчки медиуми. Телевизијата Алфа информира за последните видеа на големоалбанските националисти на интернет во чии рамки се појавува мапа со вклучени делови од грчка територија.

Албанските националисти со тешки провокации. Тие објавија видеа на интернет во кои што се презентира нивниот сон за голема Албанија, вклучувајќи ги Епир и Крф, информира ТВ Алфа.